Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани шест смртни случаи од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.
Пациентот од Штип е 34-годишникот за чија смрт дел од медиумите објавија вчера попладне. Тој починал во Градската општа болница „8 Септември“.
Од шестмината починати во изминатото деноноќие, во ГОБ „8 Септември“ починале уште двајца пациенти од Скопје, на возраст од 59 и 63 години.
На Инфективната клиника починал еден пациент, исто така на 63-годишна возраст од Скопје.
Пациентот од Берово (69 години) почнал во штипската болница, а тој од Куманово во кумановската болница (78 години).
Досега, вкупниот број на починати лица од ковид-19 во земјава изнесува 334.