Во болниците во земјава во моментов се хоспитализирани 419 пациенти, покажуваат податоците од Министерството за здравство.
Од нив, најмногу се во Градската општа болница „8 Септевмри“ во Скопје – 120 пациенти од кои 16 се примени во последното деноноќие.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, и со нив вкупната бројка на хоспитализирани изнесува 84 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 53 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во Детската болницата во Козле, пак, има 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се сместени 95 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.