Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкутемина што знаеле ја споделиле таа информација со човекот што требаше да се соочи со правдата, рече Шекеринска
Ќе бараме одговорност, бидејќи веќе прашањето не е како да се обезбедат луѓето што бегаат од правдата да се соочат со правдата, а организаторите да одговорат, туку кој го информирал Мијалков и го обезбедил неговото бегство, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има политичка одговорност за бегството на ексдиректорот на УБК, Шекеринска рече дека не се работи само за политичка, туку и за кривична одговорност.
„Пред ова бегство ниту извршната власт ниту правосудните органи нема да затворат очи. Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкумината кои знаеле ја споделиле таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата“,
изјави Шекеринска која денеска беше на полигонот „Криволак“ со американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.
Американската дипломатка, на истото прашање, рече дека нема што да додаде, туку дека само ги следат случувањата и се благодарни на Владата што ги споделува со нив сите информации.
