Aмериканските власти се се позагрижени за евентуалната руска употреба на нуклеарно оружје
Директорот на ЦИА, Бил Брнс вчера го посети Киев, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите колеги од разузнавачките агенции на Украина, изјави американски претставник.
Руските сили вчера лансираа повеќе од 80 проектили кон цели во Украина, од кои неколку паднаа врз Киев. Во тоа време, Брнс беше безбеден во американската амбасада, рече официјалниот претставник. Брнс го посети Киев по средбата со неговиот руски колега Сергеј Наришкин во Анкара, главниот град на Турција. Ова е втора посета на Брнс на Киев за помалку од еден месец.
Во Киев, рече функционерот, тој „разговарал за американското предупредување до шефот на руската разузнавачка агенција СВР, на кого му рекол дека Русија не треба да користи нуклеарно оружје и повторил дека Америка ќе продолжи да ја поддржува Украина во борбата против руската агресија. “
Комуникацијата меѓу САД и Украина се интензивираше откако Русите најавија повлекување од клучниот украински град Херсон. Во тоа време, САД почнаа да разговараат дали Киев треба да се охрабри да бара дипломатско решение на конфликтот. Имено, американските власти се се позагрижени за евентуалната руска употреба на нуклеарно оружје.
Брнс и други американски официјални лица јавно кажаа дека не гледаат докази дека Москва активно се подготвува за таков чекор, но официјалните лица информирани за разузнавачките извештаи предупредуваат дека ризикот од руска употреба на нуклеарно оружје е најголем од почетокот на руската инвазија во февруари.
Фото: EPA-EFE/JOSE MENDEZ