Претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти во средата беше домаќин на тајванската претседателка Цаи Инг-вен во Калифорнија, со што стана највисоко рангирана американска личност која се сретнала со тајвански лидер на американско тло во последните децении и ја нагласи потребата да се забрза испораката на оружје за Тајван во услови на растечки закани од Кина
Министерството за надворешни работи на Кина денеска ја осуди средбата во Калифорнија меѓу лидерката на Тајван и претседателот на Претставничкиот дом на САД како „акти на дослух“ и рече дека ќе го брани својот суверенитет.
„Кина силно се спротивставува и силно ги осудува овие акти. Како одговор на сериозно погрешните акти на дослух меѓу САД и Тајван, Кина ќе преземе решителни и ефективни мерки за заштита на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“,
изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, цитиран од официјалната државна новинска агенција Синхуа.
Претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти во средата беше домаќин на тајванската претседателка Цаи Инг-вен во Калифорнија, со што стана највисоко рангирана американска личност која се сретнала со тајвански лидер на американско тло во последните децении и ја нагласи потребата да се забрза испораката на оружје за Тајван во услови на растечки закани од Кина.
Во посебна изјава објавена денеска од Комитетот за надворешни работи на Националниот народен конгрес, како што јави Синхуа, се вели дека дејствијата на Мекарти „сериозно ја прекршиле обврската што САД ја презедоа на Кина за Тајван“.
Кина тврди дека демократскиот Тајван е нејзина територија, позиција која силно ја оспорува владата во Тајпеј.
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT