Секое политичко раководство на една земја мора да одговара кога ќе започне војна, напиша Јан Липавски на Твитер
Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски повика на формирање на специјален суд што ќе го гони највисокото раководство на Русија за воени злосторства извршени во Украина.
„Секое политичко раководство на една земја мора да одговара кога ќе започне војна“, напиша Липавски на Твитер.

Шефот на чешката дипломатија, чија земја во моментов претседава со Советот на ЕУ, порача дека „потребен е цврст став“ за да се воспостави меѓународна безбедност и дека правилата мора да важат „на меѓународно ниво“.
„Не можеме да зборуваме за мир. Русија разбира само сила. Не можам да замислам да бидам член на влада што не ја поддржува Украина“,
порача тој.
Липавски, исто така, напиша дека „парламентот на Чешката Република ги смета дејствијата на Русија како акти на терор“.
„Ако некој истрела ракета на раскрсница за време на шпицот, тоа не е грешка, тоа е чист тероризам. Русија сака да влее страв и терор“, напиша министерот за надворешни работи на Чешка на Твитер.
Во септември, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, рече дека по три посети на Украина, тој верува дека се извршени воени злосторства.
„Видовме уништувања, страдања и тоа ја зајакнува мојата решеност. И моето претходно откритие дека има разумни основи да верувам дека злосторства во надлежност на судот се извршени“, им рече Кан на членовите на Советот за безбедноста на Обединетите нации.