Од ААДЕ соопштија дека камионот во кој се транспортирале производите бил преоптоварен за 1 500 килограми

Во мал камион со странски регистарски таблички, инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле над два тона небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија. Производите, како што пишуваат грчките медиуми, се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без потребната разладна комора, како што предвидува законската регулатива.
Од ААДЕ соопштија дека во рамките на насочените контроли за сузбивање на нелегалниот транспорт и трговија со производи и небезбедна храна, камионот во кој се транспортирале производите бил преоптоварен за 1 500 килограми.
Сите производи биле запленети и целосно уништени, а биле изречени и предвидените казни и за опасната храна и за прекумерниот товар.
