Одговарајќи на пратеничко прашање, министерот за образование потврди дека учениците кои почнаа од лани со новиот концепт на дигитални, следната учебна година ќе учат и од дигитални и од печатени учебници
Министерот за образование Јетон Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање, потврди дека учениците кои почнаа од лани со новиот концепт на дигитални, следната учебна година ќе учат и од дигитални и од печатени учебници.
„Вие знаете дека со концептот што почна лани во прво и четврто одделение треба да се продолжи. Материјалите што биле потребни се направени во соработка со Бирото за развој на образованието. Од материјалите за четврто и петто, минатата година имавме само за четврто. Министерството започнало со објава на конкурс за автори да се пријават со изработка на материјали“,
рече Шаќири.
За учениците во четврто и петто одделение ќе има и дигитални и печатени материјали.
„Кога ќе бидат готови, ќе бидете известени, а ќе се одреди и начинот на кој овие материјали ќе бидат достапни“,
рече Шаќири.
Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ која го постави прашањето го поздрави планот на Министерството за образование да не се исклучуваат комплетно печатените учебници и предложи да се прифати хрватскиот модел, а не оној што го предлагаше поранешната министерка Царовска.