Во зделката вклучени се и 50 калибарски митралези М2А1, лансери за чадни гранати М6 и придружни резервни делови, радија од типот Харис, заедничка станица за далечинско управување со оружје (CROWS), напреден GPS приемник, уред за визуелно засилување што би го користеле возачите на овие возила, резервни делови, специјални алати и опрема за тестирање…
Американската агенција за соработка во одбраната вчера објави дека Стејт департментот донел одлука да одобри продажба на борбени возила „Страјкер“ и сродна опрема во вредност од 210 милиони американски долари на Владата на Северна Македонија. Агенцијата го информираше Конгресот на САД за оваа можна продажба на воена опрема на друга држава.
Владата на Северна Македонија на крајот на мината година најави дека ќе го продолжи процесот за набавка на лесни оклопни возила од САД. Според соопштението на американската агенција, станува збор 54 возила од типот „Страјкер“, вклучувајќи варијанти за транспорт на пешадија, командни возила и минофрлачки возила.

Во зделката вклучени се и 50 калибарски митралези М2А1, лансери за чадни гранати М6 и придружни резервни делови, радија од типот Харис, заедничка станица за далечинско управување со оружје (CROWS), напреден GPS приемник, уред за визуелно засилување што би го користеле возачите на овие возила, резервни делови, специјални алати и опрема за тестирање, технички прирачници, обука, услуги за инженерска, техничка и логистичка поддршка на владата на САД… Проценката е дека зделката вреди 210 милиони долари, а за испорака од General Dynamics Land Systems ќе се чека нешто повеќе од една година.
Оваа набавка е, како што соопштуваат од Министерството за одбрана, само продолжување на веќе започнат повеќегодишен проект во 2018 година за набавка на Лесни Оклопни Возила (ЛОВ) како есенцијален проект во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности за модернизација и опремување на Армијата.
„По одлука на Владата на Република Северна Македонија проектот се реализира како повеќегодишен проект во соработка со Владата на САД користејки ја програмата Foreign military sales (FMS) со користување на фондовите ERIP, CRIFF и програмата 333 со што учеството на Владата на САД ќе изнесува околу 20-25% од вкупната сума. Проектот се реализира преку и со подршка од Владата на САД со две реномирани компании на воената индустрија на САД и тоа `Oshkosh Defense` и `General Dynamics Land Systems`. Веќе е во тек набавката на платформата JLTV од компанијата `Oshkosh Defense` и до сега се склучени сите аранжмани за набавка на околу 40 возила од оваа компанија.
Со објавување на одлуката на Конгресот за одобрување на склучувањето на договорот за набавка на лесни оклопни возила `Страјкер` од компанијата `General Dynamics Land Systems` влегува во финалната фаза и заокружување севкупниот проект за опремување со лесни оклопни возила. Согласно ДПРОС и предвидените национални буџетски средства се планира во првата фаза да бидат набавени околу 20 возила `Страјкер`. Набавката ќе продолжи и во наредните години (од 2019-2024), а испораката на возилата се очекува да отпочне од 2022 година, а да заврши до 2025 или 2026 година“,
велат од Министерството за одбрана