Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким, Ким Јо-чан, рече дека избувнувањето на вирусот е предизвикано од пропагандни летоци контаминирани со ковид против Северна Кореја, а дистрибуирани од Јужна Кореја, предупредувајќи дека како одговор „ќе бидат преземени одмазднички акции“
Северна Кореја првпат официјално ги потврди инфекциите со коронавирус во средината на мај оваа година посочувајќи дека се соочува со епидемиска вонредна состојба. Оттогаш се зборуваше за „случаи со треска“
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прогласи победа во борбата против коронавирусот три месеци откако земјата соопшти за првиот случај на заболено лице. Во извештајот на државната агенција КЦНА, се наведува дека Ким наредил укинување на вонредните мерки воведени за борба со епидемијата.
Минатата недела севернокорејските власти објавија дека сите пациенти со симптоми на таа вирусна треска закрепнале, што го означува крајот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот што избувна во земјата кон средината на мај.
Ким беше цитиран дека кампањата против вирусот е завршена, но дека Северна Кореја мора да остане будна и ефикасно да ги следи пограничните области.
Во меѓувреме, сестрата на Ким, Ким Јо-чан, на истиот состанок рече дека и самиот севернокорејски лидер имал симптоми на треска, додавајќи дека избувнувањето на вирусот е предизвикано од пропагандни летоци контаминирани со ковид против Северна Кореја, а дистрибуирани од Јужна Кореја, предупредувајќи дека како одговор „ќе бидат преземени одмазднички акции“.
„Дури и тешко болен со висока температура, тој не можеше да легне ниту една минута бидејќи постојано размислуваше за луѓето за кои требаше да се грижи до крајот во војната против епидемијата“,
рече таа во пофалбата до нејзиниот брат за неговите напори.
Меѓународно изолираната нација првпат официјално ги потврди инфекциите со коронавирус во средината на мај оваа година посочувајќи дека се соочува со епидемиска вонредна состојба. Оттогаш се зборуваше за „случаи со треска“.
Државната агенција КЦНА тврди дека имало 4,8 милиони инфекции од крајот на април, но само 74 смртни случаи, што е стапка на смртност од 0,002% – најниска во светот.
На многу експерти им е тешко да поверуваат во овие статистики, бидејќи велат дека земјата го има еден од најлошите здравствени системи во светот со неколку единици за интензивна нега и без лекови или вакцини за лекување на коронавирусот.