Сите се сомневаат во бројките на Пјонгјанг и се верува дека починале многу повеќе луѓе отколку што тврди Северна Кореја бидејќи бројот на вакцинирани е мал, а земјата нема доволно интензивна нега и тестови
Според севернокорејските власти, во земјата досега со коронавирус се заразиле околу 3,3 милиони луѓе, а од нив починале 69. Според објавените податоци, стапката на смртност е околу 0,002 отсто, која е најниска во светот.
Според агенцијата АП, ваква ниска стапка на смртност нема во ниту една друга земја, дури и во најбогатите.
Досега повеќе од шест милиони луѓе починале од ковид-19 во светот.
Сепак, сите се сомневаат во бројките на Пјонгјанг и се верува дека починале многу повеќе луѓе отколку што тврди Северна Кореја, бидејќи бројот на вакцинирани е мал, земјата се соочува со недостиг на храна, а исто така нема доволно интензивна нега и тестови.
Научниците тврдат дека бројките пријавени од властите се научно невозможни и неприфатливи. Сепак, поради нетранспарентност, невозможно е да се одреди вистинскиот размер на епидемијата во таа земја.