Претседателите Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Африм Гаши од Алтернатива ја прифатија поканата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за заедничка средба на која се поканети сите претставници од албанските партии. Села на фејсбук напиша дека тие во принцип се согласуваат на ваква средба, но бараат средбата да се одржи по понеделник, 17 август, за да бидат детално информирани и организирани.
Алијанса за Албанците смета дека политичкиот механизам на заедничка средба е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и, како таков, треба да продолжи да се култивира за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија.
Ахмети за утре, 13 јули, по повод годишнитата од Ракмовниот договор ги кани на заедничка средба парламентарните политички партии на Албанците. На средбата што би се одржала во Скопје поканети се лидерите на Алтернатива Африм Гаши, Билал Касами на Беса, Зијадин Села – АА и Мендух Тачи – ДПА. Средбата доаѓа во време кога се уште не е формирана новата Влада, а ДУИ инсистира да го оствари своето предизборно ветување за премиер-Албанец.