Според Правилникот, секој каснат граѓанин ќе добие предлог-спогодба и можност за надоместок. Во зависност од собраните поени е и висината на надоместокот. Исплатата на надоместокот ќе биде од буџетот на општината
За каснување од куче скитник во Тетово ќе се собираат поени, врз основа на кои подоцна ќе се добива паричен надоместок.
Ова е дел од Правилникот што го издаде Општина Тетово, со кој се утврдуваат критериумите за висината на надоместокот што ќе го добијат граѓаните по каснување од куче скитник.
Под каснување од бездомни кучиња се подразбира угриз и нанесени гребаници врз телото на оштетените граѓани. Зависно од видот на каснувањето, дали е тоа силен или умерен угриз, или пак, е гребаница, се добиваат 15, 10 или 5 поени. Исто толку поени се добиваат и во зависност од бројот на кснувањата, дали е повеќе од едно, едно или има замо загребаници. Во правилникот е предвидено да се добиваат поени и за претрпен страв. За висок степен на претрпен страв се добиваат 15 поени, а среден 10, а за низок 5 поени. Според возраста на повредениот, најмногу поени, 15, добиваат децата до 15 години лицата над 65-годишна старост. Оние од 15 до 18 години, ако ги касне куче скитник ќе добијат 10 поени, а сите останати на возраст до 65 години дабиваат 5 поени.
„Според степеност на нагрденост што ќе го добијат граѓаните може да добијат од 25 до 5 поени, зависно дали е висока, средна или ниска нагрденост. За интензивно нарушување на психичката состојба на граѓанинот од претрпениот став се добиваат 15 поени, за умерено 10, а за благо нарушување 5 поени“,
се наведува во Правилникот.
Според Правилникот, секој каснат граѓанин ќе добие предлог-спогодба и можност за надоместок. Во зависност од собраните поени е и висината на надоместокот.
„Оние што ќе бидат каснати од куче скитник и ќе соберат до 40 поени ќе имаат можност да добијат надоместок во висина од 30 000 до 50 000 илјади денари. Од 41 до 60 поени надоместокот е максимум до 70 000 денари, а за оние што ќе соберат од 61 до 80 поени висината на надоместокот е до 90 000 денари. Оние што имаат повеќе од 81 поен, може да добијат максимален надоместок од 100 000 денари“,
се додава во Правилникот.
Исплатата на надоместокот ќе биде од буџетот на општината, а сумата ќе ја одредува посебна Комисија за надоместок на штета, во која, покрај вработени во општината, се и лекар трауматолог и лекар психијатар.