Во денешниот извештај на Министерството за здравство се заведени седум починати пацинети од ковид-19.
Шест од нив битката со вирусот ја загубиле во болница, а еден дома.
Меѓу починатите е и 27 годишен пациент од Битола, кој според информациите од Центарот за јавно здравје – Битола, починал на Инфективната клиника во Скопје.
Останатите починати се: две пациентки од Скопје на возраст од 64 и 67 години, пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.).
Вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 во земјава изнесува 493.