Во Скопје во моментов има 1 426 активни случаи со ковид-19. Од нив 47 се регистрирани во последните 24 часа.
Според дистрибуцијата по општини, и натаму најмногу се во Чаир, но за разлика од пред околу еден месец кога во оваа општина имаше и над 400 активни случаи, во моментов таа бројка е повеќе од дупло помала. Веднаш зад неа се Аеродром и Кисела Вода.
Состојбата по општини со активни случаи е следна:
- Чаир – 168
- Аеродром – 161
- Кисела Вода – 158
- Гази Баба – 139
- Центар – 128
- Карпош – 128
- Шуто Оризари – 113
- Ѓорче Петров – 101
- Бутел – 92
- Сарај – 70
- Студеничани – 54
- Арачиново – 24
- Илинден – 23
- Сопиште – 20
- Петровец – 17
- Чучер Сандево – 10
- Зелениково-8
- Странец – 8
Четири случаи сè уште не се распоредени.