Сите се пренесени во болниците во Охрид и во Струга и се работи на расчистување на случајот
Седум лица, меѓу кои и две деца, се пренесени во болниците во Охрид и во Струга откако по вчерашното капење во затворен базен во хотел на брегот на Охридското Езеро, почнале да покажуваат знаци на труење со хлор.

Случајот бил пријавен вчера во 19:55 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.
„Во Општата болница во Охрид биле пренесени М. Р. (24), А. Б. (19), двајцата од Охрид, и Ј. А. (45) и А. П. (37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ. А. (42) и две малолетни лица, сите од Скопје“,
информираат од СВР Охрид.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а за случајот се известени и јавен обвинител, санитарна и здравствена инспекција, трудова инспекција и Центарот за јавно здравје. Се работи на расчистување на случајот.