Владата даде согласност за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации за потребите на населението за тригодишен период
Владата на денешната 37. седница го разгледа и усвои и записникот од последниот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче ги информирал членовите на Владата дека по интензивни преговори се обезбедени количини на вакцини за цела 2021 година.
Како што информираат од владината прес-служба, од компанијата „Фајзер“ се очекуваат првите над 5 800 вакцини, а во тек се преговори и со други компании.
Филипче на владината седница информирал дека значително е намален притисокот на болниците и дека капацитетите за сместување на ковид-пациенти се полупразни.
Констатирале дека мерките кои беа донесени од Владата во последниот период, а кои се однесуваат на намалување на ширењето на коронавирусот донеле резултати.
„Владата на редовната седница ја разгледа и усвои информацијата за давање согласност за преземање обврски на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации за потребите на населението за тригодишен период и тоа од јануари 2021 – декември 2023 година“,
се вели во соопштението на Владата.
