Заштитната маска веќе седмим месец е составен ден од облеката на главната медицинска сестра на Инфективната клиника во Скопје, Зорица Љубичиќ.
Таа вели дека со заштитната опрема, особено маската се намалува ризикот од пренесување на коронавирусот.
„Фокусот секогаш ми е на тоа да го сведувам ризикот од инфекција со ковид-19 на минимум. Им благодарам за помошта на сите колеги кои ни беа и се поддршка во овој период и воедно порачувам на сите граѓани, да не се групираме, да носиме заштитна маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме рацете. Затоа што секој човечки живот е важен“,
вели Љубичиќ од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.