Заради пожарот се создале подолги колони возила на двете страни, но по гаснењето на огнот сообраќајот набргу бил нормализиран

Комбе марка „форд“ со тетовски регистарски таблички се запали во движење на експресниот пат Радовиш-Штип, во близина на крстосницата за рудникот „Бучим“, јави дописникот на МИА.
Според информацијата на портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, запалувањето на возилото било пријавени во полициската станица „Радовиш“ во 19:30 часот.
„Пожарот го изгаснале пожарникарите од Радовиш, а екипа на полицијата врши увид на местото на незгодата. Во пожарот нема повредени и загинати“,
изјави Трајанова за МИА.
Заради пожарот се создадоа подолги колони возила од двете страни на патот, а по интервенцијата на пожарникарите нормализиран е сообраќајот, кој извесно време се пренасочуваше по регионалниот пат кон Штип.
