На годинешниот јубилеен самит, покрај Пендаровски и Пахор, ќе учествуваат и претседателите на Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово, како и членовите на Претседателството на БиХ
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Словенија, каде што ќе учествува на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот „Брдо-Бриони“.
Домаќин на состанокот што се одржува во Брдо кај Крање претседателот на Словенија, Борут Пахор.
На состанокот, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, ќе учествуваат и претседателот на Албанија, Илир Мета, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
По завршувањето на состанокот, предвидено е лидерите да усвојат финални заклучоци во однос на неколку клучни теми, како што се процесот на проширување на Европската Унија, справувањето со последиците од пандемијата на ковид19, економското закрепнување на регионот на Западен Балкан …
Во рамки на учеството на процесот „Брдо-Бриони“, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби со претседателите од регионот.
Минатата година, традиционалниот собир на лидерите од регионот беше одложен, поради пандемијата на коронавирусот.