Мост се урна во Италија, а едно лице е повредено, јавуваат тамошните медиуми. Станува збор за возач на камион кој во моментот се наоѓал на мостот, изјави портпаролот на италијанската противпожарна бригада.
Мостот се наоѓа на прометен пат во близина на градот Аула, помеѓу Џенова и Фиренца.
На местото се наоѓаат пожарникари, а со сообраќајот управува државниот оператор АНАС.