Пријавата за несреќата е примена утрово околу 8:35 часот, по што на местото веднаш се упатени сите надлежни служби за итна интервенција
Засега не се познати причините за падот на леталото, а истрагата е во тек
Едно лице е повредено при пад на мал авион во близина на аеродромот во Врсар во хрватскиот регион Истра, објавија денеска хрватските медиуми.

Пријавата за несреќата во хрватската полиција е примена утрово околу 8:35 часот, по што на местото веднаш се упатени сите надлежни служби за итна интервенција.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, во авионот имало две лица, од кои едно поминало без потешки повреди.
Според локалните медиуми, пилотот на авионот е словенечки државјанин.
Засега не се познати причините за падот на леталото, а истрагата е во тек.
Врсар се наоѓа во Истра, во близина на Пореч, и е позната туристичка дестинација на хрватското крајбрежје.
Ова е втора авионска несреќа во Хрватска во последната недела.
На 4 јуни, мал авион се урна во близина на Медулин, исто така во Истра, при што животот го загубија четири лица.
