Директорката на Агенцијата за истрага на воздушни, поморски и железнички несреќи, Алана Вукиќ потврдила дека двајца од починатите биле пилотите на авионот, австриски државјани, додека идентификацијата на другите две лица сè уште не се завршена. Во тој контекст, таа додала дека Агенцијата со која раководи е во контакт со австриската амбасада во Хрватска
Хрватската радио-телевизија пренесе изјава на сведок на несреќата, кој вели дека кога првично го забележал, авионот летал нормално, но во еден момент, непосредно пред падот, почнал да губи висина и да се врти во спирала
Четири загинати е црниот биланс од авионската несреќа што денеска претпладне се случи во областа Медулин во Хрватска, соопштија тамошните медиуми, повикувајќи на информации од истрагата, која сè уште е во тек.

Како што објави хрватскиот национален радиодифузер – ХРТ, малиот авион бил регистиран во Германија и летал на реалција од австрискиот град Линц до Медулин. Четворицата загинати биле единствените лица во леталото. Двајца биле пилоти, кои се идентификувани како австриски државјани, додека идентитетот на останатите двајца кои биле во авионот сè уште не е утврден.
Хрватската телевизија пренесува и изјава на сведок на несреќата, кој вели дека кога првично го забележал, авионот летал нормално, но во еден момент, непосредно пред падот, почнал да губи висина и да се врти во спирала.
Нијаз Делиќ, пензиониран пилот, чекал на аеродромот во Медулин да слета авион со четворица патници. Вели дека авинот летал нормално до висина од околу 300 метри.
„Потоа одеднаш почна да се врти спирално. Се обиде да се израмни. Мислам дека успеа да се нивелира хоризонтално, но сепак имаше многу стрмен агол кон аеродормот и едноставно отиде во ридот, зад шумата. Не го видовме повторно, немаше експлозија, немаше ништо“,
вели Делиќ.
Веднаш по падот на леталото сите достапни екипи за итна медицинска помош биле испратени на местото на несреќата, а пристиганле екипи на противпожарната служба. Според нивните сведоштва авионот бил тешко оштетен, а луѓето биле внатре во леталото, мртви.
„Испратени се ситев три екипи за итни случаи и активирана е хеликоптерската служба за итни случаи. По пристигнувањето на местото на несреќата, пронајдени се четири лица без знаци на живот. Повредите биле тешки и единствено што можело да се направи е да се констатира смрт“,
изјави директорката на Истарскиот жупански завод за итна медицина, Татјана Чемерикиќ.
Според хрватските медиуми, станува збор за една од најсериозните несреќи во Истарскиот регион во последните години. Хрватската радио-телевизија потсетува дека пред три години, исто така, мал авион се урна на аеродромот во Пула, при што загинаа две лица, додека пред 13 години, две лица загинаа кога мал авион се урна во морето во близина на Медулин.
Околностите на несреќата ги истражува Агенцијата за истрага на воздушни, поморски и железнички несреќи, чии истражители треба да утврдат што претходело на несреќата и зошто се урнал авионот.

По 18 часот, телата на жртвите биле извадени од авионот, а директорката на Агенцијата Алана Вукиќ, која пристигнала на местото соопштила дека официјалниот извештај за авионската несреќа го добиле во 11:20 часот од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа за контрола на воздушниот сообраќај на Истра и Хрватска, во кој било наведено дека станува збор за мал авион со германска регистрација кој летал од Линц во Австрија до Медулин.
Вукиќ потврдила дека двајца од починатите биле пилотите на авионот, австриски државјани, додека идентификацијата на другите две лица сè уште не се завршена. Во тој контекст, таа додала дека Агенцијата со која раководи е во контакт со австриската амбасада во Хрватска.
На прашањето дали авионот бил во контакт со хрватската контрола за воздушниот сообраќај, таа изјавила дека сите докази и факти ќе бидат утврдени во текот на на истрагата.
„Во рок од 30 дена ќе излеземе со прелиминарен извештај и ќе отвориме безбдносна истрага. Ќе соработуваме со австриските власти. Истражителите се на терен, малите авиони немаат црна кутија. Истрагата ќе трае неколку месеци, ќе ја утврдиме причината за несреќата“,
изјавила директорката на Агенцијата.
