Името на победникот од двајцата кандидати што останаа ќе биде познато на 5 септември
Од вкупно осум кандидати, останаа само двајца во трката за наследник на Борис Џонсон на лидерската позиција во Конзервативната партија, а со тоа и на премиерската функција.
По денешната петта рунда гласање од страна на пратениците од редовите на конзервативците, како кандидати останаа доскорешниот министер за финансии Риши Сунак и актуелната шефицата на дипломатијата Лиз Трас.
Сунак доби поддршка од 137 пратеници, Трас од 113, додека најмалку – 105 гласа доби министерката за трговија, Пени Мордон, со што и испадна од трката.
Името на победникот од двајцата кандидати што останаа ќе биде познато на 5 септември. Во елиминациските кругови досега гласаа пратениците од Конзервативната партија, но сега изборот помеѓу Сунак и Трас ќе го направат сите 180 000 членови на конзервативците.
Избор на нов лидер, а со тоа и премиер, следува откако актуелниот Борис Џонсон на 7 јули објави дека се повлекува од функциите во владата и партијата, откако повеќе од 50 владини членови поднесоа оставки, незадоволни од неговото одбивање да се повлече по неколку скандали. Меѓу тие што си дадоа оставка нив беше и Сунак.