Министерството за внатрешни работи информира дека во последните 24 часа се регистрирани 301 прекршок за непочитување на мерката за носење заштитни маски како превенција од ширењето на ковид-19.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Досега полицијата има изречено повеќе од 30 000 прекршочни пријави за неносење маски.