Според УХМР, следува период на променливо облачно и стабилно време – освен во петок, кога ќе има слаби локални врнежи од дожд што на повисоките планини ќе бидат од снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој вдолж Повардарието ќе надминува брзина од 60 километри на час. Утринската температура ќе биде од 0 до 9, а дневната ќе достигне од 12 до 20 Целзиусови степени.
И во Скопје денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.
За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд, а на некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура утре ќе биде од 10 до 18 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно и стабилно време – освен во петок, кога ќе има слаби локални врнежи од дожд што на повисоките планини ќе бидат од снег.
