Во спасувачката акција учествувале шест хеликоптери, 160 екипи на Брза помош и 67 возила
Германски автобус, на пат од Србија кон Шведска, се превртен на автопатот во близина на Берлин, а меѓу патниците има и седум студенти од Србија, кои не се во животна опасност. Во автобусот имало вкупно 19 лица, а покрај Срби, останатите биле државјани на Германија, Шведска и Израел.
Потешко се повредени девет патници, а со најсериозни повреди се здобиле возачите.
Автобусот се превртел при обид да се престрои во друга лента, кога удрил во заштитната ограда.
Дописникот на РТС од Германија јавува дека и српската амбасада потврдила дека државјаните на Србија не се во животна опасност и се распоредени во неколку болници.
Во спасувачката акција, како што јавуваат медиумите, учествувале шест хеликоптери, 160 екипи на Брза помош и 67 возила.