На брегот на реката бил најден мажот кој бил исцрпен и во кал во моментот кога дошла брзата помош
Три лица се водат како исчезнати откако чамец се превртил во Дунав, а еден маж успеал да се спаси, соопшти белградската Итна помош.
Како што пишуваат српските медиуми, чамецот се превртил синоќа пред полноќ. На брегот на реката бил најден мажот кој бил исцрпен и во кал во моментот кога дошла брзата помош.
„Тој човек успеал да исплива од Дунав. Дадена му е здравствена помош и е пренесен во болница“,
изјавил дежурниот доктор, пренесува Н1.
Полицијата трага по трите исчезнати лица на возраст до 35, 36 и 37 години.