Таа вели дека не била ни свесна за тоа што се случилон на часот. Дури кога дошла дома и соинот и го покажал видеото, сфатила што и се случило
По грозоморниот инцидент во Техничкото училиште во Трстеник во кој тројца ученици се изживуваа врз професорка, се огласи жртвата на насилството, пренесуваат српските медиуми.
„Помина една недела, се уште не можам да дојдам на себе од тоа што се случи. Прво беше да се завршат административните работи, сега почнаа маките, ми се јавуваат од разни телевизии. Тешко ми е, потешко од одење на работа. Не сум подготвена за ова“,
изјавила професорката која нагласила дека „сè уште е уморна и преплашена“.
Таа вели дека не била ни свесна за тоа што се случилон на часот. Дури кога дошла дома и соинот и го покажал видеото, сфатила што и се случило.
„Отидов кај специјалист. Сите прегледи што можев ги направив во здравствената установа во Трстеник. За подетални прегледи ќе треба да одам во поголеми клиники,
рекла професорката.
На прашањето зошто веднаш не го прекинала часот, не станала и не отишла да пријави што и се случило, професорката вели дека чекала да заврши часот.
„Се срамев од она што го доживеав. Дојдов дома да видам како ми е. Мојот син беше во училницата спроти мојата. Ни тој не знаеше. Но, набрзо го видел видеото и истрчал дома. Беше бесен“,
вели таа.
Како што раскажала, по убедување на нејзиниот син веднаш отишла во ургентниот дом на Здравствениот дом во Трстеник. Таа вели дека за среќа имала само полесни физички повреди, но психичките, се далеку поболни.
На часот по англиски јазик имало само седум ученици, бидејќи класот нема повеќе од единаесет ученици. Затоа, изгледало како училницата да е празна.
Професорката вели дека вакво нешто досега не им се случило на учениците.
„Едниот од нив нема добри семејни односи. Затоа што има и други браќа и сестри и грижата за нив не е баш на најдобро ниво. Го знаев тоа и го штитев. И гледате како ми врати. Ученикот кој ми го тргна столот е се уште малолетен, има 17 години. Не знам како ќе заврши случајот. И претходно се случило да бараме да биде избркан проблематичен ученик, а потоа по жалби, Министерството за образование ги враќа на училиште. Треба да одат во воспитно-поправен дом“,
вели оваа наставничка, сè уште видно потресена од се што и се случило, пренесува Блиц
Дисциплинската постапка против насилните ученици е во тек, но случајот ќе добие и судски епилог.
„Тоа нема да биде само дисциплинска постапка, туку и процес пред судот. Ова го знам затоа што дадов изјави во МУП. Полицаецот кој ми го зеде исказот во итната помош го предаде на Вишото јавно обвинителство во Крушевац“,
вели професорката.