Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите од сообраќајката во која 45 граѓани ги загубија животите, патувајќи во неговиот автобус
Пет дена по автобската трагедија, сопственикот на„Беса транс“, Беким Хаџиу, се огласи на Фејсбук. Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите од сообраќајката во која 45 граѓани ги загубија животите, патувајќи во неговиот автобус.
„Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Алах не става на тест и верувам дека тоа е прифатено од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”,
напиша Хаџиу на Фејсбук.
Пред два дена по вонредната инспекција, Државниот инспекторат за транспорт ја запечати канцеларијата на компанијата и поставија ленти на вратата, по неколкуте обиди да стапат во контакт со сопственикот.
Претходно, Министерството за транспорт и врски ја одеде лиценцата за работа на компанијата.
На последната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави дека автобусот на „Беса транс“, оваа година имал 113 влез-излез од земјава, и притоа користе или туѓа дзвола за меѓународен превоз на патници или била прикажувана лиценцата за работа на компанијата.
Во ОЈО Скопје, како што посочи вера државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, е отворен предмет за „Беса Транс“ и овие податоци што ги собираат на барање на бугарските обвинители, во исто време, ги користат и во тој предмет, а со цел расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата, од документација за автобусот до тоа како тој ги поминувал границите.
ДНК-профилите за идентификацијата на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија, заедно со записници за испитување на осум сведоци, како и целокупната документација за автобусот од компанијата „Беса транс“ и Министерството за транспорт, вчера беа предадени на бугарските обвинители од страна на Јавното обвинителство за Република Северна Македонија.
Двајца од преживеани од трагедијата од 23 ноември, вчера пристигнаа во Скопје. Хоспитализирани се на Ургентниот центар и ќе се третираат на Клиниката за пластична хирургија.
Според најавите од министерот Бујар Османи, денеска се очекува да пристигнат уште двајца од повредените, други двајца на 30 ноември, а последниот преживеан ќе биде префрлен на 1 декември.