Вознемиреноста на Вангеловски, познат како Јово превара е логична, нема спас за криминалците, реагираат од СДСМ на изјавата на експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, во врска со снимката која ја пушти Антонио Милошоски, а во која се слуша гласот на доскорешниот премиер Зоран Заев.
„Кумот на Трајко Велјаноски, познат како Јово превара, не може да бара политичка причина за неговото разрешување, затоа што беше разрешен поради одлука за поништување притвор после која осомничено лице се пушти во бегство. Наместо политички фразеологии Јово превара треба да одговори пред граѓаните зошто чувал десетици предмети во фиока?ВМРО-ДПМНЕ и нивните извршители денеска се закопаа. Пуштија снимки од разговори со кои потврдија зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство. Јово Вангеловски, исто како и криминалецот Антонио Милошоски го знае новиот закон за ЈО, тие, заедно со Груевски и извршителот Мицкоски знаат дека предметите на СЈО ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази“,
наведуваат социјалдемократите во нивната реакција.
Вангеловски, во изјава за порталот Плусинфо, коментирајќи ја снимката на Милошоски рече дека со Заев не договорал ништо, дека експремиерот е снимен во мај 2019 кога пред Врховниот суд немало ниту еден предмет на СЈО. Дополнително, Вангеловски рече дека говорот на Заев наликува на себепромовирање во голем моќник.
*Поврзани вести:
Вангеловски за снимката: Напразно Заев се промовира во голем моќник и мој пријател