Имотот што го споменуваат ВМРО-ДПМНЕ и Наум Стоилковски не е на Стефан Богоев, а хотел не се гради, реагираат од СДСМ. ДУП-от , како што велат од партијата, не е нов туку е донесен пред Пекевски воопшто да биде избран за градоначалник.
„По оставинската постапка тој имот припаѓа на неговата мајка, поради прерана смрт на неговиот татко, што говори до каде на нивото на нечовечност оди ВМРО ДПМНЕ. Криминал корупција и богатење на грбот на граѓаните е одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ освен лаги и манипулации не може ништо да понуди, затоа и не може да излезе од сенката на Левица“
велат од СДСМ.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Стефан Богоев, поранешниот градоначалник на Карпош, го монополизирал беровското езеро и дека ќе гради хотел на брегот на површина од 7.500м2.