Според пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска, премиерот и лидер на партијата имал вложено финансиски средства за обезбедување на почетната ликвидност на фирмата, но, како што рече одговарајќи на новинарски прашања, уште на 28 септември 2020 година во целост го повлекол износот
Владејачката СДСМ денеска ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека премиерот Димитар Ковачевски и неговиот кум имаа бизнис во енергетиката вреден 26 милиони евра и оттаму велат дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Груп Доо Скопје, ниту пак е сопственик.
Според пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска, премиерот и лидер на партијата имал вложено финансиски средства за обезбедување на почетната ликвидност на фирмата, но, како што рече одговарајќи на новинарски прашања, уште на 28 септември 2020 година во целост го повлекол износот.

„Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата која тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот“,
изјави Марковска.
Таа потенцираше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е очајна и дека го напаѓа Ковачевски „затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии“.
„Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, која се однесува на сите компании кои исполниле услови“,
рече пратеничката на СДСМ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со обвинувања до премиерот Димитар Ковачевски, според кои форми основани од него и негови семејни врски „вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, односно се вмешани, ако што тврдат од партијата, во бизниси вредни 26 милиони евра.
Аферата „Броило“, како што ја нарече денеска на прес-конференција пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков ќе покаже како Ковачевски и една тесна клика се здружиле во картел кој печали и добива лична корист.
Тој најави дека во наредниот период целосно ќе откријат како во аферата „Броило“, фирми блиски до Ковачевски стигнале да свртат 26 милиони евра и во име на ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот да не чека да ги објавуваат деталите туку „веднаш да каже каква е неговата вмешаност во сите бизниси на овој `соларен картел` и веднаш да си даде оставка“.