Владејчката СДСМ вели сите лаги, деструкции и крвави сценарија на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски паднале во вода. Во реакција по неговото интервју за Сител велат досега немало политичар кој вака лажел и бил разболичен до крај.
„Имаме чист македонски јазик во ЕУ и целосно заштитен идентитет. Точка. Откако беше јавно претставен протоколот се виде, сѐ што кажа Мицкоски е лага. Протоколот ги разобличи сите невистини на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, има реципроцитет за сите прашања. И наместо да им се извини на граѓаните за лагите тој постојано ги повторува истите, пак денеска се обидува со нови манипулации.“,
се вели во реакцијата од СДСМ.
Според партијата, државата на чело со СДСМ покажала дека е возможно да се најде решение за сите отворени прашања и оти може да се продолжи интеграцијата во Европската Унија со заштитен македонски јазик и идентитет.
„Па не му се криви граѓаните за тоа што лажеше. Не му се криви граѓаните што неговите пратеници избегаа и од дебата и не гласаа во македонското Собрание. Колку е очаен Мицкоски не може ниту да се измери. Тоне длабоко. Граѓаните знаат дека исто вака најавуваше Мицкоски референдум и за пописот. На крај се сведе на потписи на него членови на парагон блокчиња без правно дејство исто како изјавите на неговите пратеници од вчера.“
се вели во реакцијата на СДСМ.
Мицкоски најави дека ќе бара референдум за уставните измени, односно за внесувањето на Бугарите во Уставот. Рече дека граѓаните треба да си го кажат своето мислење, но дека првиот чекор ќе биде собирање на 150.000 потписи.
„Треба да излезат на референдум и да кажат дали се ‘за’ или не се ‘за’ овие измени коишто Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрво како партија со став, па тогаш јавноста ќе има повеќе детали. Но, тоа е следната иницијатива којашто планирам да му ја предложам на Извршниот комитет, веднаш по враќањето и повторното функционирање на Собранието. По летните одмори да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референцумско изјаснување на граѓаните“,
рече Мицкоски.
Мицкоски ќе бара референдум за уставните измени (360stepeni.mk)