„Додека беа во опозиција, хистеријата што ја креваа беше неподнослива, но сега се скриени во глувчешка дупка и се надеваат дека кризата ќе ги одмине. СДСМ располага со целосни информации за тоа што точно се случило и доколку МВР се обиде да ги филува фактите, се ќе биде објавено“, велат од партијата
Социјалдемократите очекуваат надлежните институции, пред сè Министерството за внатрешни работи и внатрешната контрола, детално да ја информираат јавноста за инцидентот на скопскиот аеродром и да обелоденат каква била улогата на лица од обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши.
Оттаму сметаат дека за прекршување на овластувањата мора да се поведат постапки одговорност, а доколку тоа не се случи, според нив, ќе биде јасна потврда дека се кријат фактите со цел да се заштитат меѓукоалициските односи.
„СДСМ располага со целосни информации за тоа што точно се случило и доколку МВР се обиде да ги филува фактите, се ќе биде објавено. Истрагата за овој случај не треба да претставува никаков проблем за МВР и Обвинителството бидејќи аеродромот е под целосен видео надзор и без проблем може да утврдат сите детали“,
пишува во соопштението од СДСМ.
Од опозицијата прашуваат зошто за скандалот и за настанатата конфузија молчат владејачката партија и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски.
„Додека беа во опозиција, хистеријата што ја креваа беше неподнослива, но сега се скриени во глувчешка дупка и се надеваат дека кризата ќе ги одмине. МВР наместо транспарентно да информира веднаш по настанот кој се случил утрото, чекаше медиумите да ја откријат приказната за да пушти штуро соопштение за јавност. Ваквата нетранспарентност јасно сугерира дека идејата е да се стават работите под тепих“,
сметаат од СДСМ.