СДСМ води сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи и членови на раководствата на партиите, за формирање Влада со нов четиригодишен полн мандат, поддржана од стабилно мнозинство во парламентот, соопштија од партијата.
„Преговори се водат за Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот“,
велат од СДСМ.
Сметаат дека стабилно парламентарно мнозинство и полн мандат е потребен за подобра заштита на здравјето на граѓаните, за поголема сигурност и економска предвидливост.
„Граѓаните ни ја дадоа довербата на изборите. Во следниот четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“,
велат од партијата.