Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека очекува победа на предвремените парламентарни избори со разлика од 6-10 пратеници повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е причината зошто не сакаат избори. Сето друго е изговор“,
рече Заев.
Тој рече дека и на овие избори очекува албански гласови, а Беса на Билал Касами со кого потпишаа договор за заеднички настап, според Заев, тежи 35 000 гласови.
*Поврзани вести:
Заев: Кажи-речи беше договорено избори да има на 8 јули
Заев: ДУИ со популистичката кампања „премиер Албанец“ ќе оди во опозиција