Мицкоски денеска понуди предвремени парламентарни избори во мај за кои, како што вели, претходно не мора да има техничка влада 100 дена. Оваа понуда е контрапредлог на првиот вицепремиер Артан Груби, кој ѝ предложи на опозициската партија да ги изгласа уставните измени и веднаш да одат на избори
Целосното заложништво на Мицкоски кон Апасиев создава феномен на политичката сцена и секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави се случува сосема спротивното, реагираат од СДСМ и додаваат дека темата за предвремени избори е затворена.
„На Божиќ оваа година Мицкоски рече дека на крајот на февруари ќе обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието. Се случи спротивното. Мицкоски нема 61 пратеник туку има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство. Мицкоски рече дека во мај ќе се случеле предвремени избори. Секако дека се случи спротивното. Нема предвремени избори, Мицкоски капитулира уште еднаш и оваа тема е веќе затворена. После капитулацијата со предвремените избори, Мицкоски го чека пораз и на изборите во 2024 година“
велат од СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска понуди предвремени парламентарни избори во мај за кои, вели, претходно не мора да има техничка влада 100 дена. Оваа понуда е контрапредлог на првиот вицепремиер Артан Груби, кој ѝ предложи на опозициската партија да ги изгласа уставните измени и веднаш да одат на избори.