„Сè што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет“, велат од СДСМ
Христијан Мицкоски денеска призна дека тој и Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ, велат од владејачкиот СДСМ.
„Мицкоски потврди дека неговата фарса за референдум, којшто е за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ, нема поддршка ниту од другите опозициски партии. Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си“,
велат од СДСМ.
Според партијата, Мицкоски целото свое политичко делување го сведе на ширење лаги, манипулации, на крвави сценарија, обиди за блокада на државата и европската иднина на граѓаните.
„Сè што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет. Впрочем исто така беше и за лагите дека со Договорот од Преспа ќе се избирише АСНОМ, за кантонизација и федерализација, за Законот за употреба на јазиците. На усвоени заклучоци од Собранието, на заштитен македонски идентитет, на почнати преговори со ЕУ со чиста формулација на македонскиот јазик, Мицкоски нема повеќе простор“,
стои во партиското соопштеније.
Од СДСМ додаваат дека „никој не му е виновен на Мицкоски што ги лажеше граѓаните, своите членови и другите партии“.