Денешната прес-конференција на пратеникот Талески е продолжение на препукувањата на релација власт-опозиција, кои ги предизвика случајот објавен во медиумите дека Милошоски пред да биде назначен на функцијата министер за надворешни работи бил казнет во Германија за фалсификување исправа
Антонијо Милошоски мора да понесе морална одговорност за скандалот, потврден од јавно објавени документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка од пратеничката функција, побараа денеска од владејачката СДСМ.
„Пратеник кој ги лажел граѓаните со години, кој сѐ уште не ја зборува вистината пред нив, не е достоен да биде народен претставник. Голем е срамот за него, за неговиот Христијан Мицкоски, за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“,
изјави денеска пратеникот од СДСМ, Миле Талески.
Тој на прес-конференцијата се повика на јавно објавен документ – листа од казнена евиденција на која стои дека Милошоски бил осуден и казнет во Германија за сторени кривични дела кражба и фалсификување исправи.
Денешната прес-конференција на пратеникот Талески е продолжение на препукувањата на релација власт-опозиција, кои ги предизвика случајот објавен во медиумите дека Милошоски пред да биде назначен на функцијата министер за надворешни работи бил казнет во Германија за фалсификување исправа.
Милошоски, пак, обвини дека зад сето ова стои СДСМ кој, според него, изминатите седум години прави афери преку фалсификување. Тој тврди дека станува збор за спин и за дезинформација.