СДСМ оценува дека денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“ е лицемерна бидејќи ја организира најкриминалната партија во Европа.
За нив е врвна хипокризија тоа што трибината се одржува во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ популарно наречено Белиот дворец. Оттаму велат дека е срамно ваков собир да се организира на криминално стекнат имот, што според нив е докажано и со судска пресуда.
„На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, цар Самуил, гемиџиите, ДПМНЕ и луѓе од врвот на партијата преку проектот ‘Скопје 2014’, переле пари и се богателе. Милионски се штетите од криминалното владеење на ДПМНЕ и затоа оваа партија нема ниту грам легитимитет да зборува за борба против корупцијата“,
велат од СДСМ.
Оттаму сметаат дека трибината претставувала добра можност да се побара оставка од Христијан Мицкоски, кој според партијата е опкружен со лица против кои се водат судски процеси.
„Очигледно дека ДПМНЕ останува партија која е осамена на браникот на криминалот“,
пишува во реакцијата на СДСМ на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“.
