Од владејачката партија велат дека Беса и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, соживотот и меѓусебното разбирање
СДСМ бара од коалицијата Беса и ДПМНЕ во Општина Тетово да ја повлече одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка. Ова денеска на прес-конференција го соопшти Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ, која истакна дека сите политички чинители, пред сè коалициските партии БЕСА и ДПМНЕ во Советот на Општина, Тетово треба да работат за доброто на сите граѓани на Тетово.
рече пратеничката.
„Прво, затоа што на Попова Шапка станува збор за црковен имот и верско обележје (крст) во двор на манастир а не за објект. Второ, затоа што какви било провокации и дејствија може да предизвикаат тензии со сериозни последици, да подгреат раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните“,
Според неа, Беса и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, соживотот и меѓусебното разбирање.
„Загрижува тоа што сите штетни одлуки на Касами во Тетово се поддржани од ДПМНЕ како коалициски партнер на Беса. Најважното место во Општината после градоначалникот во Тетово е секретарот, оваа позиција ја извршува Дарко Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ. Се сомневаме дека ова е дел од договорено сценарио на ДПМНЕ и Беса во предизборието“,
рече Николоска.
Од СДСМ велат дека заедно со граѓаните, со сите разумни и одговорни политички субјекти ќе направат сè да не се дозволи сценаријата на Беса и ДПМНЕ во Тетово да успеат.
„Граѓаните ги повикуваме на смиреност, да не подлегнуваат на провокациите на Беса и ДПМНЕ а институциите на будност и навремена реакција во рамки на надлежностите. Во името на сите граѓани на Тетово, соживотот и меѓусебната толеранција и почитување бараме општина Тетово и градоначалникот Касами да се воздржат од било какви понатамошни дејствија а одлуката да биде повлечена“,
велат од СДСМ.