Палестинската милитантна група Хамас повика на целосно спроведување на планот за Газа на Доналд Трамп составен од 15 точки. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе кажа дека Израел нема да го прифати планот и нема да се повлече од енклавата се додека Хамас целосно не се разоружи
Хамас соопшти дека останува посветен на втората фаза од прекинот на огнот и дека приоритет треба да биде целосното спроведување на договореното – прекин на израелските напади, повлекување на израелските сили, отворање на премините и овозможување влез на хуманитарна помош и материјали за обнова на Газа.

Милитантната група ги повика посредниците и земјите гаранти да спречат прекршувања кои би можеле да ја загрозат имплементацијата на планот нудејќи свој позитивен пристап во процесот.
Премиерот Нетанјаху веќе порача дека Израел го отфрла предложениот план за разоружување и дека израелската армија нема да се повлече од Газа сè додека Хамас не го предаде оружјето. Тој повтори дека нема да прифати формирање палестинска држава ниту во Појасот Газа ниту на окупираниот Западен Брег.
