Се очекува владејачката партија попладнево да соопшти уште дваесетина свои кандидати за градоначалници, а во преостанатите десетина општини ќе поддржи кандидати на ДУИ или на Беса
Уште дваесетина кандидати за градоначалници ќе соопшти СДСМ попладнево, со што владејачката партија ќе го заокружи својот список на „адути“ за претстојните локални избори.
Според извори од партиското раководство, СДСМ на локалните избори ќе оди со 69 кандидати за градоначалници од своите редови, додека во другите 11 општини, главно, ќе поддржи кандидати на коалициските партнери на централно ниво, односно на ДУИ или на Беса. Договорот за соработка со овие партии, како што се посочува, останува и пред вториот круг од изборите, во општините каде што ќе има повторно гласање, а во зависност од тоа чии кандидати ќе го поминат „првиот филтер“.
СДСМ, во изминатиот период утврди кандидати за 50 општини, плус за градот Скопје.
Денеска се очекува да бидат соопштени и кандидатурите за градоначалници во неколку поголеми општини во земјава, каде што имаше повеќе претенденти за кандидатура, како за скопски Центар, Ѓорге Петров, Бутел… Куманово, Битола, Струмица… Во овие општини СДСМ имаше градоначалници во изминатите четири години.
СДСМ досега ги утврди кандидатурите на:
Перо Костадинов – Валандово
Миликие Халими – Арачиново
Благојче Шапов – Богданци
Зоран Зимбаков – Босилово
Велимир Смилевски – Бутел
Марјан Јанев – Василево
Сашо Јанковски – Вевчани
Ивица Димитров – Виница
Роберт Бешовски – Градско
Горан Трајковски – Делчево
Лазе Петров – Демир Капија
Анго Ангов – Дојран
Борче Гиевски за Зелениково
Јордан Насев – Карбинци
Филип Темелковски – Кисела Вода
Благојче Илиев – Конче
Томе Христовски – Крушево
Аце Велковски – Лозово
Медат Куртовски – Маврово и Ростуше
Љубе Кузмановски – Новаци
Костадин Ѓорѓиевски – Охрид
Елизабета Зелениковска – Петровец
Славчо Пандурски – Пехчево
Драган Анастасов – Пробиштип
Живко Гошаревски – Ресен
Стојан Николов – Росоман
Жаклина Јовановска – Старо Нагоричане
Горан Стојановски – Чашка
Сашко Николов – Штип
Петре Шилегов – Град СкопјeЅвонко Пекевски – Берово,
Борис Георгиевски – Гази Баба
Јасмина Гулевска – Могила
Тони Делков – Неготино
Даниел Крстевски – Ранковце
Душко Весковски – Карпош
Александар Филиповски – Аеродром
Горан Сугарески – Прилеп,
Сашо Велковски – Свети Николе
Хамдија Елези во Тетово
Сашо Стојановски – Сопиште
Горан Тодоров -Кавадарци
Влатко Бојковски – Кратово
Горан Крстев – Чешиново
Виктор Ангелов – Зрновци
Александар Тодоровски – Илинден
Стевче Митревски -Демир Хисар
Ѕвонко Ангелов – Ново Село
Ненад Коциќ – Велес
Мирко Стојановски – Брвеница