Владејачката партија СДСМ го осуди нападот врз бизнисменот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски. Од партијата бараат институциите брзо да го расчистат случајо и сторителите да бидат казнети.
„Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец. Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани. Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата“,
велат од СДСМ.
Осуда за нападот упати и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНе, Христијан Мицкоски.
Палевски беше нападнат попладнево околу 17 часот во близина на неговиот дом кај трговскиот центар Буњаковец. Според информациите од МВР, го нападнале две лица со метални шипки. Напаѓачите се превезувале со мотоцикл.
Полицијата најави дека го расчистува случајот.
По нападот, Палевски беше хоспитализиран во приватната болница „Систина“.
*Поврзани вести: