Нападот врз бизнисменот Љупчо Палевски да се расчисти во најбрз можен рок, во спротивно народот треба да знае како да се самозаштити во иднина, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него“,
додава Мицкоски.
Според него, наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки.
„И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав. Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“,
вели Мицкоски.