Колку чини скриената реклама за фалење на ковид-третмани во приватна болница? – прашаа од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ го повика министерот за здравство Венко Филипче да одговори зошто не се користи иста терапија за лекување ковид-19 во приватните и државните болници.
„Мицкоски, зошто ги потценуваш лекарите и медицинските работници кои од прв ден од почетокот на пандемијата деноноќно се на прва борбена линија со вирусот. Дали ти плаќаат за ширење манипулации и лаги дека лекарите во државното здравство не знаат како да ги лекуваат пациентите заболени со вирусот ковид-19? Цела јавност те слушна Мицкоски како се фалиш дека манипулираш и штитиш осомничени лица. ‘Јас се борам СЈО и Империја да не поминат’ – ова се твои зборови Мицкоски. Сега се бориш за третмани во приватни болници, колку совест те чини тоа?“,
се вели во партиското соопштение.
Од СДСМ ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека ковид-кризата ја користи за политички поени.
„Единствен кој си игра со човечки судбини во државата е губитникот Христијан Мицкоски. Само Мицкоски и групата околу него, корона кризата ја користат за спас на фотелјата во вилаетот на ВМРО-ДПМНЕ вреден милијарди. Губитникот Мицкоски не го засега ништо освен бизнис интересите кои очигледно пак ги има, па оттука секој ден преку партиски памфлети, фали третмани во приватни болници за лекување на пациенти заболени од ковид“,
се вели во партиското соопштение.
