Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, на денешната прес-конференција изнесе став дека не е време за лидерска средба да се разговара за избори.

„Апсолутно не е време да се разговара за избори, има време за избори, ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки чија цел е да зачуваме што повеќе работни места, да им помогнеме на што повеќе граѓани и заеднички да ја пребродиме оваа криза“,
одговори Петров на новинарското прашање дали по повикот на Христијан Мицкоски, за СДСМ е прифатлива лидерска за терминот за реализација на изборите и кој датум за социјалдемократите е прифатлив.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа во емисијата „360 степени“ ја коментираше вонредната состојба која по втор пат беше прогласена од страна на претседателот Пендаровски.
„Во првиот случај ги разбирав оние 30 дена. Владата имаше доволно време да направи антикризни мерки, економски, вакви, такви, онакви мерки и сето тоа ми беше од одреден аспект јасно. Но, мене не ми се јасни вториве 30 дена, не ми се јасни, ако има следни денови, затоа што мислам дека 30 дена се сосема доволно“,
вели Мицкоски.
Мицкоски вели дека пред завршувањето на првите 30 дена било договорено да има лидерска средба и да се слушне потребата од следни 30 дена. Тој побара од шефот на државата да свика нова лидерска средба за да се најде начин за излез од, како што вели, кризната состојба во која се наоѓа државава.
*Поврзани вести:
Кабинет на Пендаровски: Лидерска ќе има во првата половина на мај, ќе се разговара и за изборите
ДУИ: Сите следни одлуки да се носат консензулано, без разлика дали на лидерска или преку видео-врска