Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека дефектот е саниран утринава во 3:50 часот и дека состојбата со водоснабдувањето е нормализирана

Утрово во 3:50 часот е саниран дефектот што од вчера претпладне остави без вода поголем дел од централното градско подрачје, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Со санирањето на дефектот, додаваат оттаму, состојбата со водоснабдувањето во овој дел од градот е нормализирана.
Пукната голема водоводна цевка Ф-600, од вчера во 8:50 часот, ги остави без вода корисниците на дел од населбите Крњево, Керамидница, Трговскиот центар „Ист гејт“, булеварот „Александар Македонски“ до бензинската пумпа „Лук оил“, Пожарната, а намален притисок имаа и населбите Маџари и Хиподром.
Дефектот беше на кејот „Димитар Влахов“ во непосредна близина на Младинскиот културен центар.
Екипите на „Водовод и канализација“ во текот на вчерашниот ден беа на терен и работеа со целосна механизација за отстранување на дефектот.