Како што соопшти РКЕ, новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 91,5 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 4 денари по литар, а дизелот за 8 денари по литар.
Како што соопшти РКЕ, новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 91,5 денари за литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6 денари по литар и ќе изнесува 92,5 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 2,881 денари за килограм и ќе изнесува 43,538 денари.
Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување, и тоа кај бензините во просек за 6,186 отсто, кај дизелот за 10,435 отсто, кај екстра лесното масло за 8,138 отсто и кај мазутот за 7,151 отсто.
